Џиновска секвоја на североистокот од Англија е прогласена за највисока жива новогодишна елка во светот, со што влезе во Гинисова книга на рекорди. Дрвото се наоѓа на имотот Крегсајд во Нортамберленд, со кој управува Национален фонд. Со однос на тоа дека највисоката елка е во Европа, фондот порачува дека таа треба да се гордост за секој Европјанин.
Со висина од 44,7 метри, колку петнаесеткатница, секвојата ги исполни сите услови за официјално признание. За да биде валиден рекордот, елката мораше да биде украсена според строги правила, па на неа беа поставени повеќе од 1.300 светлечки лампички и две големи виолетови машни, високи речиси два метра.
Процесот на украсување траел два работни дена и во него учествувале три лица со помош на кранови. Светлата биле распоредени вертикално по дрвото, наместо да се обвиткуваат околу стеблото, со цел да се заштити кората и да се почитува викторијанската традиција на украсување.
Како што објаснуваат од Националниот фонд, безбедноста била приоритет. Класични украси не биле користени поради опасност од силен ветер, а секој светлечки елемент бил тестиран на земја пред поставувањето, бидејќи замена на височина од десетици метри би била речиси невозможна.
Колоритната тема – сина, виолетова и розова – е инспирирана од историски бал организиран на имотот во 1894 година. Елката се осветлува само неколку часа дневно за да се намали потрошувачката на енергија и влијанието врз природата, а украсите ќе бидат отстранети во јануари.
Иако рекордот за највисока некогаш украсена елка сè уште ѝ припаѓа на елка од Сиетл од 1950 година, таа не била жива – што ја прави секвојата од Крегсајд единствена во светски рамки.















