Здравствените власти уверуваат дека има доволно слободни болнички кревети за пациенти заразени со Ковид-19 и оти за секој од нив се прави се што е потребно.

Сметаат дека засега нема потреба од карантини и воведување полициски час и очекуваат да има резултати од воведените мерки.

Заклучно со синоќешната статистика на Министерството за здравство, во државава се активни 15 116 случаи на заразени со вирусот, а вчера беа регистрирани 947 случаи.