Податоците кои ги објавува Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година во четвртиот квартал преку фиксна линија биле остварени 30.860 илјади минути разговор. Истиот период претходната или пандемиската 2020 година биле направени разговори преку фиксен телефон во траење од 39.239 илјади минути.

Година претходно, или четврт квартал 2019 година преку фиксен телефон биле обавени 41.421 илјади минути. Тенденцијата на намалување на разговор или користење на фиксните лининии на телефонијата не е нова.

Наспроти падот на разговорите кај фиксните линии, повиците преку мобилната телефонија од година во година растат. Сепак, и кај мобилната телефонија има подеми и падови.

Извештајот на Агенцијата за електронски комуникации за испитување на јавното мислење во однос на пазарот на електронски комуникации во Македонија, кај одредени корисници покажало дека иако 52,6 проценти од испитаниците се изјасниле дека имаат фиксна линија, што според АЕК е на слично ниво како и изминатите пет години, половина од нив воошто не ја користат фиксната телефонија, но ја имаат бидејќи доаѓа во пакет со други услуги.