дома информација вест Хуманитарната библиотека за размена на книги во Градски парк претворена во депонија

Хуманитарната библиотека за размена на книги во Градски парк претворена во депонија

428
0
Хуманитарната библиотека за рамена на книги која пред неколку месеци беше поставена во Градскиот парк денеска е претворена во депонија. Внатрешноста на библиотека е преполна со пластичен отпад, а на полиците скоро и да нема книги. 

Иницијативата за размена на книги преку библиотека поставена во Градски парк е поддржана од град Скопје, но се уште не е пронајден механизам за спречување на вандалистичките катастрофи кои се чини се секојдневна појава на Градскиот парк и другите урбани места низ Скопје.

Изгледот на куќичката за размена на книги во Градски парк по самото нејзино позиционирање.

Сквернавењето на куќичката за размена на книги ги шокираше сите љубители на книги, кои до пред само неколку месеци ја пзодравија оваа идеја и го прифатија со воодушевување поставувањето на куќичка за размена на книги.

Коментарите на социјалните мрежи покажуваат голема загриженост околу се почестите вандалистички напади и апел да се најдат крајни решенија за вандалистичките напади на културни објекти и предмети од општокорисно значење.