Tреба да се слават и паметат великаните за да не се изгубат во националната меморија. А Константин бил голем син на македонскиот народ.
Школуван на најдобрите универзитети има можност да се запознае со други култури и народи, бугарски, хрватски, руски.
Во текот на своето образование, занимавајќи се со орален фолклор и по вокација лингвист, почувствувал дека ги разбира разликите меѓу бугарската и македонската усна литература, што го водело на патот на првиот гласноговорник на македонската ренесанса.
Тоа му даде научна подлога да се диференцира од јазичниот кошмар во родната Македонија и јасно да се определи како син на македонскиот народ – Македонец.
Тоа го изразил и во својата романтично ориентирана поезија, што го прави претставник на романтизмот во македонската литература и човек кој се залага за својот јазик.
За време на краткиот престој во Хрватска, уживаше во симпатиите на многу Илири и познати личности. Медо Пучиќ, Перо Будмани, Петар Прерадовиќ, Антун Мажураниќ, Ватрослав Јагиќ, Јанко Јурковиќ, Вјекослав Бабукиќ, Август Шеноа, бискупите Јурај Добрила и Штросмаер ја разбрале големината на неговиот Зборник и силата на неговиот личен интелект и по инспирација.
Иако е најмногу познат како издавач на Зборникот на македонски народни приказни, Константин бил научник, лингвист, есеист, човек кој имал намера да ја напише првата граматика на македонскиот јазик, користејќи ги примерите на хрватските лингвисти.
Жртва на политички превирања и желба да се скрши и уништи сето она што се искажува и се мисли „македонско“, го заврши својот краток живот во турска зандана. Но, наследството што го остави зад себе, никој не може да го оспори.
*Фејсбук статус на Горан Калоѓера, хрватски славист и македонист