Јавноста е сè повеќе свесна за разорните ефекти на прехранбената индустрија на планетата, првенствено производството на месо, а многумина поради тоа, или поради грижата за благосостојбата на животните, се префрлаат на вегетаријанство или веганство.

По долга серија години на раст, производството на месо се намали во 2019 година. Но, останува да видиме дали ова е почеток на нејзиниот понатамошен пад или само исклучок од правилото, пишува Клима101.

Ако сè уште не можете да се замислите како вегетаријанец или веган, тоа е во ред. Дури и само да ја намалите количината на месо и млечни производи што ги јадете, ќе придонесете за намалување на влијанието врз животната средина и борбата против климатските промени.

Сточарството е еден од најголемите придонесувачи за емисиите на стакленички гасови создадени од човекот, уништувањето на шумите, загадувањето на водата и загадувањето на воздухот.

Со толку многу достапни алтернативи, полесно е од кога и да е да се направат избори што и помагаат на животната средина.

Земете го, на пример, веганскиот Beyond Meat Burger.

Студијата од 2018 година на Универзитетот во Мичиген покажа дека четвртина килограм Beyond Burger е речиси идентична во нутриционистичката смисла со говедска плескавица од четвртина килограм, но генерира 90% помалку емисии на стакленички гасови, бара 46% помалку енергија, 99,5% помалку вода и користи 93 % помалку земјиште во споредба со производството, пакувањето и дистрибуцијата на говедско месо од САД (2).