Поспаност е предизвикана од поголема количина на протеини и сол во храната, но и од количината на храна што ја јадеме за еден оброк, заклучија научниците од Институтот за истражување Скрипс во САД.

По истражувањето на однесувањето на овошните мушички, научниците ја поврзаа потрошувачката на одредена храна со чувството на поспаност и потребата за сон потоа – што им се случува и на луѓето и на мувите.

Храна што ве заспива

Резултатите од следењето на однесувањето на овошните мушички после јадење покажуваат дека мувите што јаделе повеќе – спијат подолго подоцна, каде сонот може да трае од 20 до 40 минути, по што тие се вратиле во нормална состојба на будност.

Со цел да се утврди дали постои врска помеѓу оваа состојба и одредена храна – мувите добија храна што се состои од протеини, сол или шеќер, по што едно беше јасно протеините и солта влијаат на спиењето по оброкот, додека храната со повеќе шеќер сами по себе тие не можат да доведат до оваа состојба.

Ако сакате да ја избегнете или предизвикате потребата од сон после оброк, внимателно изберете што да јадете за тој оброк.