Иако стручњаците се уште се расправаат околу тоа дали хамбургерот ќе внесе вишок килограми навечер, нема сомнеж за едно нешто – ќе ви го расипе сонот.

Можеби нема да се разбудите во текот на ноќта, но ќе спиете полошо, па следниот ден ќе бидете малку уморни.

Не е важно што јадете пред да си легнете и треба да ги избегнувате овие намирници.

Чоколадо – Не само што ќе добиете шеќер, туку и кофеин. Чоколадото не содржи многу кофеин, но дури и мала количина од оваа хемикалија може да го наруши сонот.

Маснотии – Млекото, јогуртот, авокадото, сладоледот, јаткастите плодови, путерот и сирењето се на листата за избегнување бидејќи мрсната храна бавно се вари.

Кисела храна – Пржената и зачинета храна не треба да се јаде пред спиење бидејќи е „кисела храна“, а дури 10 проценти од помладите мажи страдаат од киселина иако не ја знаат причината за тоа.

Алкохол – Можеби една или две чаши ќе ви помогнат полесно да заспиете, но алкохолот ја нарушува подлабоката фаза во која најдобро се одмараме.