Среќко Софронијевиќ (36) од Звежан е ранет во пукање што се случи денеска на северот на Косово.

Телеграф пишува дека припадници на полицијата од Косово пукале врз Србите.

Објавија фотографија од ранет Србин. Тие наведуваат дека бил застрелан во грбот.

  • Се огласи хирургот

Повредата беше нанесена од огнено оружје, тој беше застрелан во пределот на градите. Неговото рамо и реброто беа повредени, се подготвуваме за операционата сала за да го отстраниме куршумот. Тој се наоѓа на интензивна нега и е во сериозна состојба, рече хирургот Златак Елек за Телеграф, Шеф на КБЦ Косовска Митровица.

Српската премиерка Ана Брнабиќ побара реакција од НАТО и КФОР по денешните настани на северот од Косово.