Граѓаните на Бугарија, Романија, Кипар и Израел наскоро би можеле да патуваат во САД без виза, објави американското Министерство за внатрешна безбеднотс, објави Ројтерс. Таа одлука значи престој во САД без виза 90 дена.

Американскиот секретар за домашна безбедност Мајоркас во вторникот изјави дека САД размислуваат да додадат четири земји во програмата за укинување на визите, со што ќе се дозволи престој во САД до 90 дена без виза.

„Имаме четири кандидати: Израел, Кипар, Бугарија и Романија“, рече Алеандро Мајоркас на настанот поврзан со туристичката индустрија во вторникот.

Тој додаде дека програмата за укинување на визите обезбедува значителни економски и безбедносни придобивки.

Роберт Дау, шеф на Американската асоцијација на патници, рече дека неодамнешното додавање на Хрватска во програмата за укинување на визите е стимул од сто милиони долари за американската економија. „Секогаш кога ќе додадете една од тие земји, бројот на патувања нагло се зголемува“, рече Дов.