Алкатраз или островот Алкатраз е мал остров среде заливот Сан Франциско во Калифорнија, САД.
Островот првично служеше како светилник, воено утврдување, па стана воен затвор.
Подоцна, островот стана федерален затвор, што траеше сè до 1963 година, кога затворот стана туристичка атракција.
Денес, Алкатраз е историска и туристичка атракција надгледувана од Националниот парк Голден Гејт. Островот е отворен за посети.
Посетителите можат да стигнат до островот со траект заминувајќи од Док 33 во Сан Франциско. Секоја година, затворот го посетуваат милиони туристи од целиот свет.
Историјата на Алкатраз е разновидна. Алкатраз прво бил најпознатиот светилник на водите во заливот Сан Франциско, се додека не се населила воена формација во тој дел од САД.
Од воено утврдување и воен објект, Алкатраз станал најпознатиот затвор на светот, како затвор од кој никој не може да помогне бидејќи првото копно е многу одалечено од затворот.
Единствен начин да се побегне е водениот начин, кој е исто така надгледуван од полициските служби.
Засега од Алкатраз се случило само едно бегство пред повеќе од 50 години, за кое уште не се знае како затвореникот успеал да побегне.
Денеска затворот во Алкатраз е една од најпосакуваните туристички дестинации во САД со огромна заработувачка на дневно ниво.