Во новата емисија „Мој збор“ навлегуваме таму каде што се среќаваат митското и реалното – на просторот каде што човекот, низ фантазија, верување и колективна меморија, се обидува да ги објасни појавите што го опкружуваат. Говориме за потребата на луѓето да ѝ дадат смисла на природата, историјата и непознатото преку митови, легенди и креативни толкувања.

Една од приказните нè води кон Ѓавоља варош, во околината на Куршумлија, на околу 200 километри од Скопје – место за кое се верува дека таму се наоѓа „дупката на ѓаволот“. Овој природен феномен често се споредува со камените фигури во Куклице, уште еден пример како природата раѓа легенди.

Зборуваме и за „средиштето на ништото“ во Лебане, односно археолошкиот локалитет Царичин град, каде историјата и мистиката се преплетуваат. Посебно внимание посветуваме и на светата вода за која се верува дека има подмладувачка моќ, како и на изворот над кој е изграден манастирот Св. Кузман и Дамјан во селото Говрлево.

Емисија за верувањата, симболите и човечката имагинација.