Германија не отстапува од процесот на проширување и старт на преговорите со Македонија.

Идната недела министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева заедно со нејзиниот македонски колега Бујар Османи ќе има средба.

На средбата ќе се разговара за усвојувањето на Акцискиот план според кој Македонија ќе треба да го спроведува Договорот за добрососедство.

Најголемиот дел од државите членки на ЕУ ја споделија забелешката дека Македонија покажува волја за реформи и членство во ЕУ, меѓу кои најгласна е Германија.