Вчера пожарникари од Противпожарната бригада-Скопје излегоа на протест во базата во Автокоманда. Денеска кметот Шилегов се сретна со истите тие пожарникари за да им покаже колкав мангуп е, без да најде ни трошка разбирање за нивните проблеми…
Кмете, не им ја плаќаш ти платата на овие луѓе од твој џеб, за да им се курчиш како уличар пред женска, дека си им „платил се што им следува“. Ништо не си им платил ти, бидејќи овие луѓе не се твои вработени, туку своите заслужени плати ги земаат од даноците на сите нас граѓаните.
Тие луѓе со кои се сретна денеска не ти местеле прозори на викендицата во Маврово за да им викаш „полека малку не брзај“. Не да е дојдено времето за брзање г-не Шилегов, одминато е, затоа со муабетов „нема законски основ за покачување на платата пред јуни 2021 г.“ само покажувате колку не сте загрижен за нивниот статус. Срамота!
Велите, ако им биле мали платите да си барале друга работа, ќе сте распишеле нов конкурс и ќе сте вработеле нови луѓе. Тие новите, ќе мораат ли да се запишат како етнички Албанци за да дојдат до вработување? Ќе ги бркаме ли и пожарникарите по белиот свет, како што ги бркаме медицинарите? Кажете! За нив е ОК платата од 19 илјади денари, вие колкава плата земате? Нели сте социјал-демократ, ете ви едно комуњарско прашање: „Можете ли Вие да живеете со 19 илјади денари на месец?“.
Шибаниов минималец во државата е 14 500 денари, пожарникарите секој еден момент ги ризикуваат своето здравје и живот за 4500 денари повеќе… Зарем не Ви е срам г-не градоначалник? Велите проблемот е стар, ама и вие не сте ептен тазе на функцијата. Не можевте ли да го покренете прашањето за платите на тие луѓе? Не можевте ли нивниот проблем да го протнете некако меѓу проблемот со патните трошоци на пратениците? Да покажете малку интерес за овие луѓе? Или не ви се доволно голема целна група, има многу вмровци меѓу нив нели, и да им ја кренете плата кур што ќе ве гласаат… така ли размислувате г-не градоначалник? Ако судам по вашиот денешен настап, токму така размислувате, мангупската, демек сте многу јак скопски фраер. Пазете, немојте никаде да одите без полнач, за да не ви падне некаде батеријата на фраерлукот.
Ние граѓаните, ние, кои им ја плаќаме платата на пожарникарите треба да застанеме позади нив, а не како некои партиски буљаши да викаме „11 години ќутеа ко пички сеа покачување на плата бараат“. Да ги потсетам буљашите 14 години поминаа од 2006 година досега, а Грујо и Коце одамна не се одлучувачки фактор во државата, затоа смирете ги страстите.
Ние граѓаните треба да застанеме позади пожарникарите, затоа што тие се луѓето кои влегуваат таму од каде што ние бегаме. Тие влегуваат во оган, затоа што одбрале благородна професија и секој пат кога ќе затреба ја покажуваат својата храброст.
Господа пратеници, видете таму откако ќе се договорите како ќе ги изведувате собраниските седници, дали онлајн или со физичко присуство, направете некаква иницијатива, проблемов на пожарникарите да не останува на чекање дури до јуни следната година. Бидете така кооперативни какви што веќе се имате покажано, кога се работи за вашите мочани и незаслужени патни трошоци. Пожарникарите го заслужуваат!
Г-не Шилегов, фраерлукот и она „полека малце не брзај“ продавајте ги на другарчињата од маало, барем на нив навистина можете да им платите нешто од џеб… например пијачките од локалната кафеана.
Атанас Величков