Толпи луѓе кои сакаат да побегнат од Авганистан се собраа на аеродромот откако талибанските бунтовници дојдоа на власт во неделата, а многумина се видени како се обидуваат да се качат на авион во движење.

Официјални претставници на американската војска во понеделникот соопштија дека седум лица загинале во хаосот на аеродромот во Кабул, вклучително и луѓе кои паднале од американски воен транспортен авион.

Аријана изјави дека Заки Анвари паднал од американскиот Боинг Ц-17 и дека неговата смрт била потврдена од Авганистанскиот генералФуен директорат за спорт.