Со текот на времето, во фрижидерот може да се акумулира огромен слој бактерии и други штетни микроби. Додека ја складираме храната таму, треба редовно да ја одржуваме чиста и уредна.
Експертите советуваат да не се чека нечистотијата да стане видлива, туку еднаш месечно темелно да се чисти фрижидерот. Ќе бидат потребни само десет минути ако редовно го чистите.
Пред да започнете со длабинско чистење, исфрлете ја храната на која истечен рокот на траење или што не ви е потребна. Потоа земете детергент за миење садови и топла вода.
Обрнете внимание на сите агли, а како алатка користете нови крпи или сунѓер. Кога ќе го завршите процесот на миење, избришете сè со сува крпа.