На француските супермаркети ќе им биде забрането да ја фрлаат или уништуваат непродадената храна и наместо тоа, мора да ја донираат во добротворни цели или за добиточна храна, според законот изгласан за сузбивање на отпадот од храна.

Француското национално собрание едногласно гласаше за усвојување на легислативата додека Франција се бори со епидемијата на залудно приготвена/произведена и потоа фрлена храна што ја истакна поделбата меѓу гигантските прехранбени фирми и луѓето кои се борат да гол живот.

Додека пратениците се обединија во редок меѓупартиски консензус, пратеникот од десниот центар Ив Јего му рече на парламентот:

Постои апсолутна итност – добротворните организации очајнички бараат храна. Најтрогателниот дел од овој закон е тоа што нè отвора кон другите кои страдаат.

На супермаркетите ќе им биде забрането намерно да ја расипуваат непродадената храна за да не може да се јаде. Оние супермаркети со површина од 400 квадратни метри или повеќе ќе мора да потпишат договори со добротворни организации или ќе се соочат со казни вклучувајќи казни до 75.000 евра или две години затвор.

Скандалозно е да се види како хемикалиите се истураат во корпите за ѓубре во супермаркетите заедно со храна што може да се јаде, рече социјалистичкиот заменик Гијом Гаро, поранешен министер за храна кој го предложи законот.