Европските авиокомпании се принудени да летаат со празни или речиси празни авиони за да не ги загубат правата на аеродромските слотови од кои зависи нивниот сообраќај, пренесува Јутарњи лист.

Правото на слот, односно местото каде што слетува авионот при слетувањето, може да се изгуби доколку не се користи на начин наведен во договорот меѓу авиокомпанијата и аеродромот.

Против сето тоа протестираат и најголемите авиокомпании, почнувајќи од германската Луфтханза со својата групација, групацијата KLM-Air France.

Тие компании потсетуваат дека вирусот омикрон неочекувано им го отежна бизнисот, бидејќи е многу заразен и патниците кои не мора да летаат обично се откажуваат од патувањето.

Компаниите бараат поголема флексибилност, бидејќи во спротивно трошат гориво и ја загадуваат атмосферата кога немаат доволна квота за слетување и полетување што е неопходна за одржување на правото на слот.

Самата „Луфтханза“ најави дека зимава ќе откаже околу 33.000 летови бидејќи за нив нема интерес од патници.

Сепак, додаваат, дека ќе мора да летаат околу 18.000 пати со празни авиони за да не изгуби важни слотови.

Околу 3.000 празни летови оваа зима најави Brussels Airlines, компанија со седиште во градот каде што европските институции одлучија дека намалувањето на авионските летови е неопходно за да се ублажат климатските промени.

Според проценките, раководството на европските аеродроми е пред се заинтересирано за профит и смета дека искористувањето на нивните слотови од 50 или 64 проценти е преголема „жртва“ што треба да ја направат.

Од друга страна, ЕУ не размислува да им ја надомести таа загуба, бидејќи нејзините „штедливи“ членки би ѝ замериле.