На денешната прес-конференција за медиуми, министерот за здравство Венко Филипче апелираше на особена внимателност и придржување до мерките за заштита во периодот на празнците.

Тој апелираше, големите собири и славењата да се одложат под изговор дека „Славењето може да почека, здравјето не“.

Инаку Комисијата за заразни болести предложи посебен пакет мерки за празниците кои денеска се усвоени во владата со кои се скратува работата на угостителските објекти од 21 до 18 часот.