Венко Филипче ги провери наодите од социјалните мрежи и медиумите дека пациент бил одбиен од болничко лекување бидејќи имал над 70 години.

Во објава на фејсбук профил, тој откри дека непостои ставка која предвидува пациент да биде вратен од болничко лекување, единствено да биде препратен во друг центар поради недостаток на сместувачки капацитети.

Утрово, од ДСЗИ побарав да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на возраста на пациентите хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“, откако на социјалните мрежи и во медиуми излезе информација дека наводно пациент кој требало да се хоспитализира во ковид центарот во таа болница бил вратен поради неговата возраст. ДСЗИ ме информираше дека по извршениот надзор е утврдено дека во ГОБ „8 Септември“ од 107 лежечки пациенти, 38 се на возраст од 68 до 88 години. Пациент не може да биде вратен, единствено може да биде препратен во друг ковид центар доколку во ГОБ „8 Септември“ нема слободен кревет, а додека пациентот чека да биде пренесен во друга болница, му се прават потребните анализи и со амбулантно возило се носи во ковид центарот каде има слободен кревет за да биде хоспитализиран. Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст. Секој пациент, без разлика колку години е, има подеднакво право на болничка нега и третман. – објави Венко Филипче на својот фејсбук профил