Мета објави дека нема намера да го напушти европскиот пазар.

Се појавија информации дека поради проблеми со европските регулативи во врска околу преносот на лични податоци меѓу ЕУ и САД, може да ги затворат Фејсбук и Инстаграм во ЕУ, но сега тоа го демантираа од Мета.

Тие издадоа соопштение во кое се наведува дека не се точни информациите за наводна закана и напуштање на европскиот пазар.

Од Мета велат дека немаат намера да го прават тоа.

Корисниците во Европа можат да се релаксираат.