Во врска со настанатите пожари во с.Погулево и Дамјан, од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш лишен е од слобода И.О. од с.Тополница. И.О. откако ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен, приведен и се работи на расчистување на случајот.

Инаку, на подрачјето на ОВР Радовиш на неколку метри оддалеченост настанаа три пожари, од кои оној во с.Погулево е изгаснат, кај с.Парналија и Супурге е локализиран, а на влезот од с.Дамјан се преземаат мерки за негово гасење.

Засега се идентификувани неколку лица кои учествувале во предивикување на пожари на различни места низ Македонија.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска испрати апел до ЕВН да ги проверат жиците и електричната мрежа, бидејќи постои основано сомнение што треба да се потврди со подетална истрага, дека токму стари жици предизвикале мал дел од пожарите низ Македонија.