„Фајзер“ очекува продажбата на вакцината против коронавирус да достигне 36 милијарди долари оваа година, пишува „Фајненшл тајмс“.

За 2022 година, Фајзер предвидува 29 милијарди долари од продажбата на вакцината.

Компанијата во соопштението нагласи дека вакцината што ја произвеле со германскиот партнер Бајонтек доминира на светскиот пазар и ги трансформира финансиите на компанијата.

Во споредба со февруари, Фајзер повеќе од двојно ја зголеми прогнозата за продажба на вакцината против коронавирус за 2021 година.

„Фајзер“, кој профитот од продажбата на вакцини го дели со својот германски партнер, во третиот квартал собра 13 милијарди долари од директна продажба.

Аналитичарите предвидоа дека приходите од вакцините против коронавирус ќе бидат во просек нешто под 11 милијарди американски долари, според истражувањето на Refinitive.