Полицијата во Белгија во петокот вечерта, откако упаднала во геј бар во центарот на Брисел, открила необична сцена – оргии во кои учествувале 25 мажи, вклучително и еден европратеник и неколку дипломати.

Според британската ТВ6, полицијата не ги соопштила националностите или идентитетот на мажите што ги пронашле во групен секс во подрумот на локалот. Полицијата открила и дрога на самото место.

Британските медиуми јавуваат дека европратеникот се обидел да избега, а кога полицијата го фатила тој се повикал на имунитет.

По низата објави во медиумите, европратеникот Јозеф Жајер од партијата ФИДЕС на унгарскиот премиер Виктор Орбан потврди дека тој бил присутен во барот.

Светските медиуми потврдија дека во текот на вчерашниот ден Јозеф Жајер си поднел оставка поради скандалот за кој дознала јавноста.