Цените на енергијата вртоглаво пораснаа, а по нив во продавниците, делумно поради паничното купување.

Синџирите за снабдување се олеснија во Шпанија, во Франција се подготвуваат ваучери за храна за најзагрозените, а Германците се жалат на двојно зголемените ценовници.

Лебот во Милано достигна неверојатни – осум евра. Унгарците вчера на покана на главните синдикати со демонстрации го кренаа гласот против поскапувањето.

Штрајкот на превозниците во Шпанија трае веќе две недели. Транспортните компании паркирале камиони поради цените на бензините.

Литар безоловен гориво во оваа земја минатата недела достигна две евра. Сега е околу 1,8 евра, додека дизелот се движи од 1,78 до 1,83 евра.

Запрениот транспорт ги испразни полиците. Недостига млеко, брашно, сончогледово масло, кујнска и тоалетна хартија. Нема изобилство од ориз, грав, леќа… Истовремено, минатата недела прометот во продавниците беше за петтина поголем од претходната година.