Кога почнувате да излегувате со некој нов, има широк спектар на работи што веројатно ги разгледувате за да ја одредите компатибилноста. Сепак, она што исто така треба да го земете во предвид, а многумина го забораваат е разликата во годините.
- Идеална разлика во возраста
Според една студија објавена во Журналот за економија на населението, задоволството од бракот значително се намалува кај паровите со поголеми разлики во возраста во споредба со паровите на слична возраст.
Паровите со нула до три години разлика покажале поголемо задоволство од оние со разлика од четири до шест години. Исто така, паровите со празнина од четири до шест години покажале поголемо задоволство од оние со јаз од седум и повеќе години. Општо земено, задоволството во бракот се намалувало како што се зголемувала разликата во годините, пишува Brides.
Она што е интересно е дека во просек и мажите и жените покажале повисоко ниво на задоволство во бракот кога се во брак со помлади партнери од оние со постари партнери од нив.
Се разбира, секогаш ќе има исклучоци од правилото, без разлика колку сме подготвени да попуштиме во создавањето и одржувањето на одредена врска.