Изборот на кариера е еден од најважните избори во вашиот живот, кој пред сè треба да биде базиран на вашиот карактер.

Постојат луѓе кои уживаат да работат во групи, постојано да комуницираат и да се дружат со колеги и клиенти, но има и такви на кои комуникацијата не им е баш јака страна.

Вие треба да уживате во она што го работите без ништо да ве спречува. Не треба да се трудите да се промените, треба само да ја изберете соодветната професија за вас.

Доколку сте посрамежливи, ова се професиите кои се најприкладни за вас:

  • Програмер

Ако имате познавање од компјутери и програмски јазици, можеби ова е совршената работа за вас. Програмерите креираат софтверски програми работејќи во затворени канцеларии, најчесто сами.

Секако дека мора да има комуникација и соработки со фирми и личности бидејќи комуникацијата во ниедна професија не може да биде сведена на нула, но сепак од овој аспект имаат повеќе олеснителни околности за разлика од други професии.

  • Сметководител

Ако сте срамежливи, но добри со бројки, зошто да не се насочите кон ваква кариера? Сметководителите подготвуваат финансиски извештаи и евиденции и се грижат за точноста и исправноста на финансиските документи.

Се случува сметководителите да имаат директен контакт со клиенти, но нивната снаодливост во секојдневната комуникација не е пресуден фактор за тоа колку успешна кариера ќе имаат

  • Помошник-адвокат

Само затоа што сте срамежливи не значи дека треба да се откажете од кариера како правник. Ако го сакате правото, можеби би било најдобро да бидете помошник-адвокат.

Станува збор за асистенти на високо квалификувани адвокати кои изработуваат извештаи и спроведуваат правни истражувања.

  • Графички дизајнер

Дали сте креативни и имате уметнички ум? Доколку не би можеле да се замислите себеси во секојдневна интеракција со различни клиенти, кариерата како графички дизајнер е совршена за вас.

Графичките дизајнери цртаат визуелни концепти, рачно или на компјутер. Најчесто креираат изглед за веб-сајтови или печатени материјали, како брошури, списанија и корпоративни извештаи, како и телевизиски реклами.

  • Истражувач на анкети

Задача на луѓето со ваква професија е да прават анкети и да истажуваат кои се ставовите, плановите и желбите на населението.

Анкетарите се платени од разни видови организации кои поради одредена причина сакаат да дознаат кои се мислењата на луѓето на некоја тема.

Оваа работа бара контакт со луѓе, но најчесто преку телефон или интернет.