Во рамки на Самитот во Тирана ќе се потпишат повеќе мултилатерални и билатерални договори за реализација на основните права за слободно движење на луѓето, производите и капиталот, како дел од зацртаните придобивки за поголема регионална соработка и унапредување на поврзувањето меѓу земјите од Западен Балкан.

Соработката меѓу Македонија, Албанија и Србија се продлабочува со денешното потпишување на:

  • Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан;
  • Договорот за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан;
  •  Договорот меѓу владите на Албанија, Србија и Северна Македонија за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика;
  •  Билатералните договори за признавање на одобренијата за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност меѓу Северна Македонија и Албанија и меѓу Албанија и Србија.