Што предвидува Протоколот за свадби, веселби и прослави на терасите на угостителските објекти:

  • не е дозволено гушкање и поздравување; на гостите ќе им се мери температура на влезот; може да се игра само на дистанца…
  • Организирањето свадби, прослави и веселби е дозволено во отворениот дел на угостителскиот објект/тераса. Тераса претставува простор кој има покрив и кој е отворен од трите страни.
  • На влезот на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата треба да има поставено дезинфекциско средство со видливо известување дека е задолжително да се дезинфицираат рацете при пристигнувањето.
  • Задолжително е мерење на температура пред влез на гостите од страна на одговорно лице од угостителскиот објект. Доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура (температура повисока од 37,5 степени) веднаш ќе бидат вратени и упатени да се јават кај својот матичен лекар.
  • Организаторот е должен да ги извести гостите дека доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура, ќе бидат вратени и советувани да се пријават кај својот матичен лекар.
  • Доколку на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата има поставено прегради/ѕидови направени од плексиглас, пластика или стакло, потребно е да се отстранат или отворат така што просторот на терасата да остане од трите страни отворен.
  • Бројот на гостите се ограничува на максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.
  • Угостителскиот објект во кој има прослава е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.
  • Задолжително е при влегувањето на гостите истите да бидат спроведени од страна на одговорно лице од угостителскиот објект .
  • Организаторот има за обврска да достави листа на гости и распоред на маси за седење до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој има за обврска да го евидентира секое лице – гостин на прославата.
  • Во случај на доаѓање на лица не евидентирани во листата на гости по добиено одобрение од организаторот ќе им се одобри присуство и ќе бидат внесени во листата за евиденција на присутни гости.
  • Организаторот на прославата има за обврска сите гости да ги запознае со препораките, условите и начините под кои се одржува свадбата.
  • Задолжително е почитување на општите превентивни мерки и препораки при пречек на гости и за цело времетраење на свадбата (забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид на физички контакт со гостите).
  • Само при организирање на свадби дозволено е ангажирање на музичари односно естрадни уметници кои се лиценцирани.
  • Музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса за гости, без право на движење и пеење помеѓу гостите.
  • Јачината на музиката не треба да ја надминува пропишаната граница на јачина во угостителски објект.
  • Дозволено е играње на подиум за игра со обезбедено простор од 4 м2 по лице при што е потребно да се почитува препорачаната дистанца.
  • На гостите им е дозволено да влезат во затворениот/внатрешниот дел од објектот при потреба да користат тоалет.
  • При престој на гостин во затворениот/внатрешниот дел на објектот задолжително е носење заштитна маска за што мора да бидат поставени јасни известувања во објектот.
  • Вработените во угостителскиот објект задолжително носат заштитни маски преку устата и носот и зачестено одржуваат хигиена и дезинфекција на раце .
  • Дозволен е максимален број од 6 лица на една маса со задолжително почитување на пропишаното растојание помеѓу секој гостин и растојание помеѓу масите.
  • He е дозволено послужување на гости на маси за стоење и на шанк.
  • Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
  • Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна .
  • По завршување на прославата, задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • Редовно одржување на хигиената во тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на препорачаните антивирусни дезинфекциони средства.
ИЗВОРВработување
претходниот член,Храна од пазар? – Полна со пестициди, а еве која е најопасна:
Следната статијаПојадок без месо е грешка, еве која намирница не е за појадок

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде