Ергофобијата претставува ирационален страв од работа и одговорност. Лицето кое пати од ова нарушување смета дека не може да успее во деловниот свет, дека е осудено на неуспех и дека е неспособно да ги извршува своите обврски.

Ергофобијата е дел од нарушувањето на социјалната анксиозност, а тоа значи дека е поврзана со ирационален страв од социјалните ситуации. Исто така може да се појави и при други фобии и ментални проблеми. Најголем проблем е тоа што лицата кои го имаат ова нарушување, често не можат да побараат помош, бидејќи немаа доволно финансиски средства за било каква терапија.

  • Што ја предизвикува Ергофобијата?

– Стравот од вработување може да влијае на два вида на луѓе

– на оние кои веќе биле вработени или на оние кои никогаш претходно не работеле. Постојат многу можни предизвикувачи на ергофобија:

Страв од одбивање – лицата кои претходно работеле можеби добиле отказ кога не очекувале, што довело до нивен страв од повторно одбивање и трајна ергофобија;

Лекови, нарушувања на сонот или стрес – заморот е честа нуспојава на многу лекови кои се препишуваат за депресија, со тоа таквата ситуација на замор, несоница и стрес е еден маѓепсан круг кој создава ергофобија; многу е можно дека лицето за својата фобија да барало лекови против анксиозност кои само го зголемиле стравот;

Трауматско искуство – повреда при работа или било каква незгодна ситуација поврзана со работата (вознемирување, малтретирање или мобинг од страна на работниците, ограбување или некое друго злосторство на работното место итн.) можат да доведат до посттрауматски стрес, а сето тоа може да предизвика ергофобија;