Ако честопати се прашувате „како да заспиете побрзо“, ова е еден од необичните трикови што навистина функционира!
Постојат вежби за дишење за спиење, но на многу луѓе им е тешко да ги практикуваат, па ако и вие спаѓате во таа група, пробајте го ова.
Веќе знаете дека треба да исфрлите уреди со екрани од спалната соба, бидејќи сината светлина што ја испуштаат испраќа сигнали до мозокот дека треба да остане буден.
Можеби ви е тешко, но овој трик е уште поедноставен – отворете го прозорецот половина час пред да одите во кревет!
Експертите за соништа овој метод го нарекуваат „човек од пештера“, бидејќи идејата е да се создаде атмосфера што ја имале нашите антички предци.
Нема светлина, но нема и топлина, и ова е научно објаснување.
Температурата на нашето тело природно ќе падне додека легнеме и ќе остане на ниско ниво до неколку часа пред да се разбудиме.
Луѓето кои имаат несоница често имаат повисока просечна телесна температура од оние кои немаат проблем да заспијат.
Доколку просторијата е свежа, полесно ќе заспиете, а ќе имате и дополнителен „бонус“ да се втурнете во топол, удобен кревет, кој дополнително ќе ве подготви за спиење и релаксација.
Затворете го прозорецот кога сте подготвени да легнете, така што температурата нема да биде прениска во текот на целата ноќ, а исто така ќе се заштитите од бучавата што доаѓа од улицата.