Детоксикацијата е многу важен процес за вашиот организам. Главно е поврзана со здравјето на црниот дроб.

Оптеретен црн дроб може да предизвика низа несакани здравствени појави.

Од алергии до развој на сериозни болести на црниот дроб како што е цирозата.

Исто така детоксот е важен за здравјето на кожата. Колку почисти сте одвнатре, толку подобар ќе биде изгледот на вашата кожа.

Ви предлагаме две намирници кои треба да ги земате секојдневно, особено при крајот на денот, бидејќи се најуспешни во процесот на детоксикацијата.

  • Јаболко 

Јаболкото е ризница на витамини и минерали. За јаболкото постои изрека: Едно јаболко на ден го чува лекарот подалеку од вас.

Изберете 100% органско јаболко, или задолжително отстранете ја лушпата пред да го конзумирате.

Бидете сигурни дека го внесувате јаболкото во есенцијален состав, а не уште низа хемикалии преку него!

  • Крставица

Краставицата содржи 90% вода која најбрзо се апсорбира на клеточно ниво.

Хидрирањето преку крастаница ќе ви помогне внесот на вода да го истисне присуството на токсините.

Краставиците исто така јадете ги без лушпа, а освен за јадење може да ги користење и како органска козметика.

За чистење и тонирање на лице, премачкајте го неколку пати со свежо исецкана краставица и избегнувајте козметика на база на хемија.