Иако сите луѓе не сакаат да зборуваат само заради разговор, новото истражување покажува дека само четири минути размена на зборови се доволни за да ве натераат да претпоставите многу за личноста од другата страна, пишува „Гардијан“.
Разговорот може да биде оптоварувачки и непотребен за некого, а познато е дека многу луѓе им се потсмеваат на Британците затоа што мораат да разговараат со сите за времето, но тоа, всушност, може да биде и корисно. Едно истражување се занимаваше токму со оваа тема.
Во него учествувале 338 испитаници, кои биле поделени во две групи и секоја од нив морала да направи тест за интелигенција и тест за личност пред да се запознаат. Во секоја група, луѓето беа спарени и или имаа четириминутен разговор или немаа никаков контакт едни со други.
Учесниците потоа мораа да ги погодат клучните аспекти на личноста на нивниот партнер, колку тие се екстровертни и да предвидат дали ќе бидат кооперативни или себични во две игри со пари. Оние што разговарале со својот партнер имале многу поголем успех во предвидувањето на овие работи, иако им се случило да проектираат некои свои особини на партнерот.
Кога станува збор за игрите со пари, оние што разговарале со партнерот погодувале колку пари ќе донира нивниот партнер во заедничкиот фонд, а и исто така вкупно донирале повеќе пари. Истражувачите предвидуваат дека ваквата кратка размена на зборови може да биде клучна за деловните соработки.