Домашна маска за лице има предност во тоа што сами ја произведувате и ја знаете точната содржина.
Органската козметика е во тренд, токму поради природниот извор на составот.
Општопознато е дека, краставицата и лимонот имаат голем удел во градивото на органската козметика за кожа на лице.
Па така и оваа маска е составена на база на овие две компоненти.
Потребни состојки:
- Краставица
- Сок од 1 лимон
- 1 лажица мед
Начин на подготовка:
Изблендирајте една краставица. Ставете ја на цедалка и исцедете го вишокот од течност.
Во глазурата додадете сок од еден лимон и 1 лажица мед.
Медот ќе помогне во згуснување на смесата и ќе ги отстрани сите нечистоти од лицето.
Краставицата ќе ја хидрира кожата, а лимонот ќе ја стегне и дополнително ќе го освежи нејзиниот изглед.
Потребно е да стои најмалку 15 минути на вашето лице.
По тоа, исплакнете со млака вода и вашиот третман е завршен.
Повторувајте ја оваа постапка најмалку 2 пати неделно!