Директорот на автобуските превозници „Слобода превоз“ Ленин Јовановски изјави дека се во неможност да го одржуваат возниот ред во Скопје поради тоа што немаат добиено никакви средства од Град Скопје. Сепак, во овој момент не бараат исплаќање на долгот во целост

Сакаме да се најде решение. Да имаме тековни уплати коишто ќе бидат доволни за да можат да се завршуваат основните работи од возачите на автобусите. Има иницијатива на приватните превозници денеска „Слобода превоз“ да продолжи активен штрајк, со кој ќе се изрази револтот и немањето волја на добар начин да се заштити јавниот интерес.

Какви ќе бидат позициите после штрајкот, ќе бидете информирани како ќе постапуваат превозниците во време на штрајк. Ние како раководители на фирмите ќе имаме друга улога и активностите ќе се водат од превозниците, рече Јовановски на прес-конференција.

.