Куманово нема да ги смениме спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор, затоа што над 1.000 борци ги дале своите животи за денешната слобода, рече градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Во Куманово, нема да ги смениме спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор. Факт е дека во Куманово над 1.000 луѓе во Втората светска војна ги изгубија животите, од кои најголем дел токму од тој бугарски фашистички окупатор. Јас, исто така, не можам да негирам и дека Отечествениот фронт од Бугарија е на страна на нашите сојузници. Сепак, Бугарија треба да биде свесна за тоа и јавно да се извини и да продолжи понатаму. Во спротивно, ако се усудите да менувате табли, ќе ве осуди првенствено сопствениот народ пред сè, а потоа и оние кои ги дале своите животи за денес да имаме сопствена држава, рече Димитриевски на ТВ 24.

Бугарија, која минатата недела стави вето на преговарачката рамка за почетокто на пристапните преговори на македонсија со ЕУ, меѓу другото инсистира и да не се користи терминот бугарска фашистичка окупација, туку бугарска администрација во Втората светска војна.