Зоран Заев со својот колега, новиот премиер на Бугарија – Стефан Јанев денеска разговараше за значењето на добрососедските односи во телефонски разговор.

Имаме одговорност да создадеме услови за дијалог и за конструктивни разговори.

Со новиот бугарски премиер Стефан Јанев дискутиравме за вкупните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на потребата за вложување на сите напори за разговори и за взаемно прифатливи решенија.

Во телефонскиот разговор му го честитав изборот за претседател на службената Влада на Република Бугарија и му посакав плодна и успешна работа.

-Стои во соопштението од Влада.