Дали чувствувате дека нешто не е во ред во вашата врска, но не сте сигурни што?
За да знаете дали вашата врска оди во добра или лоша насока, треба да бидете свесни за малите детали кои откриваат каде сте.
Дали со вас зборува за иднината, ви ги открива своите планови или се јавува само кога сака?
Овие 10 знаци се јасни показатели дека вашиот партнер не се грижи доволно за вас:
Не зборувате за заедничка иднина
Разговори за иднината со партнерот едноставно не постојат, а најблиску до тоа се мизерните изјави како:
–Живееме од ден на ден… или –Ќе видиме каде ќе води ова.
Избегнувањето на оваа тема е јасен знак дека вашиот партнер не е подготвен за врска. Сепак, нормално е парот да разговара за следниот чекор во врската – вселување, брак, деца.
Ви се јавува само кога има време
Човек кој се грижи за својата девојка понекогаш ќе испрати пораки или ќе се јави само за да ве слушне без разлика на времето или обврските.
Нема да чека до единаесет часот да ти се јави и да ти каже за неговиот ден. Ако мажот ја планира својата иднина со вас, ќе се потруди да одржува контакт без оглед на обврските.
Нема блискост
Ако вашата врска е заснована на секс и не вклучува дружење, блискост и поминување време заедно, бидете сигурни дека тој не сака врска.
Блискоста е основата на која се гради љубовната врска. Ако се чувствувате дека не можете да му кажете сè или кои се вашите планови за викендот, ако чувствувате дека не му е ни грижа, тогаш само прашање на време е кога ќе одлучи да престане да ви се јавува.
Не одите никаде заедно
Ако вашето време заедно го поминувате во спалната соба, а тој не покажува интерес да излегува во театар, во град, на забава или на прошетка, тој сигурно нема планови за иднината со вас.
Внимава на својот телефон
Криењето на телефонот кога сте наоколу не може да значи ништо позитивно. Ако го крие телефонот, тоа значи дека крие телефонски повици, пораки или фотографии кои не смеете да ги гледате.
Не зборува за себе
Човек кој не ве запознал со ниту еден од своите пријатели, не зборува за своето семејство, а ви се чини дека средбата со нив е само далечен сон – тој нема намера да има сериозна врска со вас.
Избегнување одговори
Што и да прашавте, не можете да добиете директен одговор, а разговорот за иднината на вашата врска се сведува на „ќе видиме“?
Некој кој не знае што ќе прави утре, а камоли во блиска или далечна иднина, не е подготвен за врска.
Не се замара околу вас
Врската е двонасочна улица и ниедна врска во која само една личност давала никогаш не успеала.
За да заживее врската, двајцата партнери треба да вложат труд, време и волја.
Ако чувствувате дека вашиот партнер никогаш не излегува од својата рутина за да направи нешто за вас, или ако не се ни труди да закажува состанок со вас, оставете го.
Несериозни теми
Ако чувствувате дека не можете да разговарате за сериозни теми, интереси или планови за иднината со партнерот, тој не е за вас. Емоционалното поврзување е една од клучните состојки за успешна врска.
Бракот не доаѓа предвид
Светол знак на небото дека вашиот партнер не сака иднина со вас е избегнување на темата за брак.
Ако не можете да добиете одговор зошто бракот не може да биде тема на разговор, тогаш тој сигурно нема намера да го помине остатокот од животот со вас.