Вакцинација против коронавирусот во Америка започнува денес, откако директорот на Центарот за контрола и превенција, Роберт Редфилд, ја потпиша препораката на Советодавниот одбор за имунизација за употреба на вакцината од компаниите Фајзер и Бионтек.

Бидејќи Администрацијата за храна и лекови издаде одобрение за итна употреба на вакцината во петокот, Редфилд потврди дека вакцината може да се дава на лица постари од 16 години, пренесува Си-Ен-Ен.

Американските медиуми во неделата објавија дека вакцините се доставуваат од фабриката Фајзер во Мичиген во болниците низ Соединетите држави.

Први во редовите за вакцинација се здравствените работници, околу 21 милион од нив и жителите на домовите за стари лица, од кои има околу три милиони.