Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус 4 до 3 степени, а максималната од 3 до 9 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во понеделник во утринските часови на места ќе провејува снег, а преку денот облачноста ќе се намали. Поради разведрувањето, во вторник минималните температури ќе бидат ниски. Од среда се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Зошто останувањето на работа по работното време е грешка и оди на штета на компанијата?
Следната статијаДенеска посебен режим на сообраќај низ Скопје, поради најавената блокада на приватните автобуски превозници

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде