Денеска пристигнуваат уште 8000 вакцини од „Фајзер“ во Македонија.

Станува збор за вакцини кои ќе се обезбедат преку Србија на ист начин како што се обезбедија досегашните вакцини со кои се вакцинираат здравствените работници.

Пратката со вакцини ќе ја пречека министерот за здравство на Македонија Венко Филипче.

На граничкиот премин Табановце тој ќе се сретне со неговиот српски колега Златибор Лончар.