Од денеска ќе започне масовната вакцинација во Македонија на највозрасните лица кои се пријавиле за вакцинација преку електронската web страна vakcinacija.mk.

Вакцинацијата ќе се одвива во спортската арена Борис Трајковски, а таму ќе бидат згрижени околу 3000 лица.

Вакцинацијата ќе се одвива со руската вакцина „Спутник В“ која пред една неколку дена пристигна во Македонија.

Според планот за вакцинација предност во вакцинирањето ќе им се даде на највозрасните бидејќи тие се под најголем ризик за развој на тешка клиничка слика или смртни исходи по заразата со коронавирус.