Денеска, во Old School Bar во Скопје ќе биде ставена кутија за донации кои ќе бидат наменети за помош на лица кои се зафатени од пожарот.

Повикот е, да се донира парична помош во рамките на сопствените можности, а од средствата ќе се набават средства за хигиена, храна и пијалоци и ќе бидат однесени на терен, односно на место каде што се врши интервенција на пожарот, или до најблиската дестинација каде луѓето, погодени од пожарот имаат најголема потреба од овие средства.

За повеќе информации околу локацијата или лице за контакт што ги собира донациите, обратете се до нашата редакција.