Ова е еден од најважните денови за време на Страсната недела, пред Велигден, кога беше востановена Светата тајна на причеста, најсветата тајна на Евхаристијата.
Според евангелските извештаи, Христос го благословил лебот на Тајната вечера и споделувајќи го со апостолите, рекол: „
–Ова е моето тело што е скршено за вас за простување на гревовите.
Потоа зеде чаша вино и додаде:
– Пијте од оваа чаша, сите, ова е мојата крв од Новиот завет, која е пролеана за вас и за многумина, за простување на гревовите.
Христовите зборови се повторуваат на Велики четврток на литургиите пред причеста на верниците, следејќи го примерот на првата заедница на Христос и неговите апостоли.
Луѓето веруваат дека и на најголемите грешници, кои се причестуваат на овој ден, им се простени гревовите.
На литургиите, верниците се причестуваат со леб или нафора, тело Христово и вино, што е симбол на неговата крв пролеана за спасение на човечката раса.
Големиот или светиот или велигденскиот пост трае шест недели, а оние што се придржуваат до правилата на постот, во првата и последните недели не јадат дури ни риба, туку друга посна храна, подготвена на вода, без масло.