Датумот 2 април е избран во 2007 година од Генералното собрание на Обединетите нации, за да се сврти светското внимание кон аутизмот како глобален здравствен проблем во подем.

Аутизмот е нарушување на невролошкиот развој, кое го имаат десетици милиони луѓе низ светот, а кое кај мажите се јавува четирипати почесто отколку кај жените.

Родителите на децата со аутизам најчесто ги забележуваат знаците во првите две години по раѓањето.

Секоја година на 2 април се организираат настани и активности кои целат да ја подигнат свеста на јавноста за аутизмот, да информираат за важноста на раната дијагноза и на раната интервенција и да помогнат во собирањето средства за потпомагање на лицата со аутизам.