На 4 април нè очекува магичен ден. Освен што започна најубавиот пролетен месец, кога во воздухот има романтични и позитивни вибрации, на 4 април нè очекува дополнителен енергетски стимул – магијата на две четворки, односно серијата 4-4.

Повторувањето на броевите во нумерологијата се нарекува „броеви на огледалото“, а кога имаме толку моќен датум, постојат одредени нумеролошки сознанија и упатства кои можат да ни помогнат да ги оствариме нашите желби.

Двојната доза на енергија број 4 ни дава шанса да ги изградиме темелите на нашите соништа, да се поврземе со нашето знаење и искуство.

Сè што ќе научите или започнете денес може да ви користи.

Ден 4-4 е добар за размислување за вашата цел во животот – време е да се усогласите со неа и да преземете важни чекори за да ја постигнете. Оваа низа исто така симболизира стабилност, заземјување, безбедност.

Има 4 годишни времиња, елементи (оган, вода, небо и земја) и четири страни на светот – сето тоа е спакувано во прекрасно квадратно пакување кое навестува духовната моќ на бројот 4.

Затоа овој ден е идеален за постигнување вашите цели, ви се нуди голема поддршка за да ги претворите желбите во реалност, но само ако сакате и ако се потрудите малку повеќе.