Скришното следење или демнеење на потенцијалната жртва често го има во типовите на „насилство меѓу интимни партнери“.

Скришното следење на потенцијалната жртва се опишува како однесување кое се повторува и кое им причинува на жртвите да чувствуваат висок степен на страв.

Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство од 11.5.2011 година, позната како Истанбулска конвенција, претставува најзначајниот меѓународен документ за борбата со семејното насилство.

Истанбулската конвенција е првиот сеопфатен инструмент на европско ниво кој се однесува на насилството врз жените.

Досега, посочуваат од Советот на Европа, 23 земји ја ратификувале Конвенцијата, вклучувајќи и 14 земји членки на Европската Унија, и тоа: Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија и Шведска.

Таа е ратификувана и во Македонија.

Истанбулската конвенцијата се однесува на сите форми на насилство врз жените, вклучувајќи го и домашното насилство, кое несразмерно ги погаѓа жените, и се препорачува нејзините потписнички да ја применуваат на сите жртви на домашно насилство.

При примена на одредбите на Конвенцијата, посебно внимание треба да им се посветува на жените жртви на родово засновано насилство и таа се применува во време на мир и во ситуации на вооружен конфликт.

Она што е значајно во Конвенцијата е што во неа насилството врз жените се дефинира како „кршење на човековите права“, а домашното насилство ги означува „сите акти на физичко, сексуално, психичко односно економско насилство што се случуваат во рамките на семејството или домаќинството“.

ИЗВОРВикипедиа / Академик
претходниот член,Развој и специфики на психологија на лезбејки и геј лица
Следната статијаНесакани последици по здравјето од исхрана без глутен

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде