Витаминот Ф влијае на оксидативните процеси на метаболизмот, согорува заситени масти и помага да се изгубат вишокот килограми.

Исто така, овој витамин спречува таложење на холестерол, а кај дијабетичарите го намалува ризикот од кардиоваскуларни нарушувања и спречува болести на окото.

Докажано е дека витаминот Ф ја ублажува болката во менструалниот циклус, а се користи и во терапија со стерилитет.

Витамин Ф се наоѓа во растителни масла, а најмногу го има во маслата од соја, пченка, кикирики и ленено семе.

Исто така, ореви, бадеми, сончоглед и авокадо го содржат овој витамин.

Препорачаната доза на витамин Ф е до 20 грама, што би значело приближно две лажици масло на ден.