Старите Словени ги издвоиле сончевата топлина и дождот како елементи од кои зависи човечкиот живот.

Тие и даваат живот на Земјата и се што живее на неа. Така, од голема почит кон овие појави, старите Словени верувале во култот на Сонцето и дождот, од кои целосно зависел нивниот опстанок.

Словените покажале најголема почит кон божеството кое дало живот на се што живее на Земјата. Според бројни извори, тоа бил Дажбог, врховниот бог меѓу Словените.

Дажбог (Дабог, Дајбог, Даждбог, Даба) е богот на Сонцето, дождот и огнот. Тоа е божество кое дава.

Една од верзиите на името – Дајбог – ги содржи зборовите “дај” и “бог”, што се толкува како “бог кој дава”. Ова давање се однесува на Сонцето и сончевата светлина, а Дажбог, како бог на сонцето, се сметал за давател на живот на Земјата.