Од раните 2000-ти, енергетските пијалоци стануваат сè попопуларни и најмногу се користат за одржување на будност и враќање на енергијата.

Но, овие пијалоци се поврзани со срцеви и невролошки проблеми, како и лошо ментално здравје.

Кои се всушност енергетските пијалоци и дали се навистина толку штетни?

Енергетските пијалоци се производи што се продаваат на пазарот за да се зголеми енергијата и да се бори против заморот, вели Меган Вроу, диететичар од Калифорнија.

Секој пијалок кој содржи стимулативни соединенија може да се смета за енергетски пијалок, додава д-р Лери Нолан од Медицинскиот центар Векснер на универзитетот во Охајо.

Постојат различни енергетски пијалоци на пазарот. Повеќето се комбинации на газирана вода, шеќер или други засладувачи, вклучувајќи глукоза, кофеин, витамини од групата Б, дополнителни бои и ароми и додатоци поврзани со енергијата, како што се гуарана, таурин или карнитин.

Заедно, овие состојки прават дневен засилувач на енергијата за луѓето кои не спијат доволно или едноставно им е потребна дополнителна енергија.

Но, децата и адолесцентите се почувствителни на влијанието на некои стимулативни соединенија што се наоѓаат во ваквите пијалоци, па затоа треба да се избегнуваат.

Вру вели дека според нејзиното мислење, енергетските пијалоци не се безбедни, но додава:

Се разбира, ако некој посегне по таков пијалок во посебна пригода, тој индивидуален чин веројатно нема да предизвика многу штета, но со време и честа потрошувачка, има многу потенцијални компликации.